Турската групација Њеибо ќе гради текстилен град во Македонија. Инвестицијата која ја објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил ја потврдија од турската компанија која е повеќегодишен производител за брендовите Massimo Dutti, Cortefiel (Шпанија), Barutti, Roy Robson, Brax, Hirmer, Peek & Cloppenburg (Германија), Saks 5th avenue, Dockers (САД) и за повеќе турски брендови. Weibo Group е најголемата турска инвестиција во Кина и нејзиниот главен извршен директор Селчук Алперен е вицепретседател на Советот на странски инвеститори во Кина. Групацијата има свои фабрики и во Турција и Камбоџа.
Турската групација Њеибо ќе гради текстилен град во Македонија. Инвестицијата која ја објави премиерот Никола Груевски на својот Фејсбук профил ја потврдија од турската компанија која е повеќегодишен производител за брендовите Massimo Dutti, Cortefiel (Шпанија), Barutti, Roy Robson, Brax, Hirmer, Peek & Cloppenburg (Германија), Saks 5th avenue, Dockers (САД) и за повеќе турски брендови.
Weibo Group е најголемата турска инвестиција во Кина и нејзиниот главен извршен директор Селчук Алперен е вицепретседател на Советот на странски инвеститори во Кина. Групацијата има свои фабрики и во Турција и Камбоџа.
- Текстилната зона во Македонија, која ќе прави финални производи во неколку фабрики, ќе се нарекува "SELÇUK ALPEREN WEIBO INDUSTRIAL ZONE", ќе почне да се гради годинава и ќе заврши до крајот на 2015-та, стои во соопштението на компанијата. Иницијалната инвестиција ќе биде 180 милиони долари и ќе вклучува фабрики изградени на 240 илјади квадратни метри на земјиште кое ќе биде со големина од 400 илјади квадрати. Целосната инвестиција ќе достигне 400 милиони долари за пет години.
- Инвестициите се очекува да придонесат за реализацијата на текстилен град во регионот и креирање на 4000 до 5000 работни места. Како резултат на инвестициите се очекува за пет години да се постигне капацитет за извоз на 600 до 800 милиони долари.
Главни пазари ќе бидат САД, Велика Британија, Франција, Германија, Русија, Италија, Шпанија, Кина и Јапонија. Премиерот Груевски по повод инвестицијата на Фејсбук профилот напиша дека првенствена цел на владата и политичарите подобрување на стандардот на граѓаните. Мој личен фокус беше и останува раст на економијата и отворањето на нови работни места. - Исклучително се вредни миговите кога се прават конкретни резултати на тој план. Затоа честитки до граѓаните за новата инвестиција во североисточниот дел која на Македонија и носи нови 5000 работни места и нови 5000 вработувања. Уште еден доказ дека има разлика! Тоа се 5000 семејства. Нашата борба за нови работни места продолжува, напиша Груевски.
Компанијата се занимава со производство на кошули, костуми, палта, јакни, класични и неформални пантолони, а истакнуваат дека квалитетот им е најсилна одлика.